Конслатингот представува најразвиен облик на услуги кои денес ги користат сите компании во земјите членки на ЕУ.
Консалтингот ги опфаќа сите области од бизнисот и другите човечки активности: финансии, истражување, развој, производство и технологија, системи на менаџмент, заштита на животната и работната средина, маркетинг, пласман на производите, комуникации, примена на законските прописи на домашен и странски пазар и сл.
Условите и барањата кои притоа се поставуваат пред консултантите се многу комплексни, а затоа пак се бара широко образование и специјализација во областите во кои се нудат консултантските услуги.